Четворица студенти и дипломци од Факултетот за туризам и бизнис логистика, УГД – Штип, се на тримесечна платена пракса во Дирекцијата за ТИРЗ.

Тоше Трајановски, Теодора Митровска, Беба Бајрамовска и Јована Насевска се дел од новиот концепт на менторска програма која Дирекцијата го воведе минатата година со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование, да им даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини.

Заедничка средба заедно со практикантите остварија г. Јован Деспотовски - директор на ТИРЗ и проф. д-р Татјана Бошков, декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика.

Целта на оваа менторска програма е студентите да го применат и во пракса она што го учат во теорија. Ментори од различни сектори од ТИРЗ работат со нив на развој на конкретни вештини. Ова е наш придонес кон креирање на стручни и професионални кадри кои може да напредуваат и да добијат фер шанса овде, дома. ТИРЗ работи и на нови таргетирани мерки и програми за професионално усовршување на кадри, особено на млади, како и на креирање на стабилни и високоплатени работни места. Верувам дека ова ќе биде мотив повеќе младите да останат во државата и да го запреме негативниот тренд на иселување - посочи Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Деканката на ФТБЛ, проф. д-р Татјана Бошков, истакна:

Покрај доследноста на нашата улога како образовна и научна институција, Факултетот за туризам и бизнис логистика е насочен кон вмрежување на студентите во бизнис секторот уште пред да го завршат своето образование. Во оваа насока можам да кажам дека чекориме со силен жар, кој успешно го поврза и усогласи високото образование со современите барања на економијата и општеството, држејќи чекор со сите важни достигнувања. Токму ваквите средби и спојувањето на сите стожери е клучната појдовна точка кон решавање и заедничко надминување на сите препреки и создавање можности за вработување на младите. Затоа секојдневните напори треба да бидат насочени кон систем кој ќе биде современ, ефикасен и лесно применлив и прифатлив. Оттука се наметнува потребата образованието да биде стручно и пазарно ориентирано. Тоа значи дека сите треба да бидеме синергични во нашето дејствување и да го имаме слухот за меѓусебните потреби за да опстанеме во овој конкурентски свет за нас и за младите кои се суштината на квалитетен опстанок.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.