По покана на Одборот за доделување на Наградата „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката, деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, беше дел од овој свечен чин одбележувајќи 121 година од смртта на Гоце Делчев, македонскиот револуционер и борец за слободата на Македонија.
Повеќе...Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД, проф. д-р Татјана Бошков и продеканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска остварија средба со двајца професори од Полска: проф. д-р Јустина Багинска од Универзитет за применети науки во Зелена Гора и проф. д-р Павел Пиепјора од Универзитет во Вроцлав.
Повеќе...На 29 април 2024 г. студентите кои слушаат настава во Штип од насоките Хотелско-ресторански менаџмент (IV семестар) и Гастрономија и исхрана (VI семестар) ја посетија семејната Пекарница „АН-БЛА“.
Повеќе...Универзитетот „Гоце Делчев“ и Факултетот за туризам и бизнис логистика, претставуван од деканката проф. д-р Татјана Бошков, склучија Меморандум за соработка со Халк осигурување А.Д. Скопје, претставуван од г. Ило Ристовски, генерален директор и г-ѓа Селин Шакарер, член на Управниот одбор на Халк осигурување.
Повеќе...Доц. д-р Душица Попова од Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД одржа предавање пред средношколците од Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје.
Повеќе...На 18 април 2024 година се одржа Меѓународен вебинар на тема „Who Does the Thinking? The Future of Higher Education“, организиран од Факултет за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев” - Штип, Македонија, во соработка со Факултет за економија, Универзитет во Задар, Хрватска.
Повеќе...