Факултетот за туризам и бизнис логистика ја организираше Конференцијата „Културните и креативните индустрии предизвик за туризмот, културата, културното наследство и економијата“ на која беше промовиран и Научниот зборник од седмата Меѓународна научна конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“.

- Оваа конференција ја потенцира важноста на културните и креативните индустрии, како кај нас така и во светот. Препораки, кои се јасно подвлечени од истражувачите и авторите во конференцискиот зборник и се резултат на детекцијата на состојбите во туризмот, културата, културното наследство, економијата и влијанијата кои ги претрпеа истите. Верувам дека ова се препораки кои адресираат како да се зајакнува капацитетот на компаниите, какви промени се потребни во регулативите кои го диктираат нашиот пат кон Европската Унија. Голема е честа денес заедно со министерот и со сите колеги промотори на овој зборник, уште еднаш, јасно во етерот да испратиме порака дека Македонија го има целосниот потенцијал за раст и развој на културните и креативните индустрии, како и искористување на нивниот економски, социјален и културен потенцијализјави проф. д-р Татјана Бошков, деканка на ФТБЛ.

На Конференцијата присуствуваше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој оваа година е во нова улога, за разлика од лани, кога учествуваше како актер:

- Лани на овој ист настан се обратив како Зоран Љутков актерот, којшто му сугерираше на Министерството за култура како треба да се однесува кон креативните индустрии, а сега си ставив беља на глава и ќе морам како министер да ги реализирам сите тие работи кои си ги кажав претходната година. Денес разговараме за една многу важна и актуелна тема, која на едно место ги обединува сите напори и стремежи за развој и унапредување на нашата културна, туристичка, но и економска сфера. Во ерата на дигитализацијата и дигиталната трансформација, каде што современиот свет го карактеризираат брзите промени, културните и креативните индустрии се во постојан развој, носејќи нови можности, но се разбира и нови предизвици. Тие нудат простор за широка презентација на вештината, имагинацијата и талентот на творците од оваа многу важна област, како и нивна соодветна валоризација на пазарот на трудот, со што претставуваат придвижувачка сила на економскиот развој на државатапотенцираше министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

На Конференцијата свој настап имаше и Универзитетскиот музички ансамбл „Македонија - УГД“, под водство на проф. д-р Владимир Јаневски.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Скопје - Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu