Search

Додипломски студии (Прв циклус)

Студиски програми

Факултет за туризам и бизнис логистика во Штип во рамки на додипломските студии (прв циклус), нуди палета на повеќе наставни програми од областа на туризмот, бизнис логистиката и администрацијата, како и хотелско-ресторанскиот менаџмент. Наставните програми се современи, сеопфатни и прилагодени; како на домашниот, така и на глобалниот пазар на труд. Стекнатите знаења и вештини ќе ви отворат можности за широк избор на работни позиции, како и можности за понатамошен професионален развој.

Со комплетирање на додипломските студи на Факултет за туризам и бизнис логистика, вие се стекнувате со називот Дипломиран менаџер во избраната област, а дипломите се и меѓународно признаени.

Наставната програма по Туризам и угостителство ги подготвува студентите за динамична кариера во една од нај живописните индустрии во светот. Соединувањето на теоретското знаење и практичните вештини им овозможува на студентите да се стекнат со разни вештини за планирање на настани, управување на угостителски и туристички капацитети, како и управување со дестинации. Овие знаења и вештини може да се применат во широк спектар на кариери во туристичката и угостителската индустрија вклучувајќи директор на угостителски и хотелски претпријатија, инспектор за туризам, професор по угостителство и туризам, работник во услужни дејности, менаџер на хотелско претпријатие, хотелски рецепционер и сл.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.
Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран менаџер по туризам и угостителство.

Дел од носечките предмети на насоката Туризам и угостителство вклучуваат:

  1. Основи на туризам
  2. Ресторански менаџмент
  3. Маркетинг во туризмот и угостителството
  4. Економика
  5. СПА туризам
  6. Туристичка географија
  7. Информациони системи во туризам и угостителство
  8. Патнички агенции
  9. Управување со квалитет во угостителството
  10. Туристичка политика
  11. Меѓународен туризам
  12. Промотивни активности
  13. Специфични видови на туризам
  14. Хотелиерство
  15. Претприемништво и мал бизнис
  16. Менаџмент на производство на храна
  17. Безбедност во туризмот и угостителството
  18. Управување со туристички дестинации
  19. Анимации во туризмот и угостителството
  20. Туристичко водење

Целата структура на студиската програма може да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.

Во текот на студиите на програмата по Туризам и угостителство студентите се секнуваат професионални вештини и проучување на фундаменталните и применетите знаења од областите на туризмот и угостителството. Теоретската настава ги запознава студентите со туристичката индустрија, основите на маркетинг и менаџмент на туристичка дестинација, вештини за управување, финансиско знаење, зголемување на профитабилноста и човечките односи. Дополнително, студиската програма ги подготвува студентите со вештини за управување со работни места (директно и индиректно поврзани со посетителите), маркетинг на туристички производ и дестинација, анализа на понуда и побарувачка, следење на глобалните трендови и справување со предизвиците од истите, проучување на позитивните и негативните влијанија на туризмот и соодветно изнаоѓање на решенија за справување со истите.

Лидерство и управување: Водење и мотивирање на тим кој ќе работи заедно и успешно во најдинамичните опкружувања од туристичката индустрија. Управувањето во туризмот и угостителството се применува и во организациите, но и врз туристичките дестинации

Односи со посетители и потрошувачка услуга: Создавањето на незаборавни искуства и одржувањето на високата сатисфакција кај клиентите е од круцијално значење за туризмот и угостителството.  

Финансиско и буџетско управување: Разбирање, планирање и управување  со финансиски средства за да се обезбеди профитабилно работење на бизнисите.

Оперативна ефикасност: Управување со секојдневните активности непречено и ефективно.

Планирање на настани: Планирање и организирање на настани усовршувајќи го секој детал.

Студентите од насоката Туризам и угостителство се стекнуваат со конкретни знаења за:

  • Динамиката на туристичката и угостителската индустрија – разбирање на структурата, трендовите и растот на угостиелството
  • Страндардите за храна и пијалок – дизајн на мени, основи на готвење и квалитет на услуга
  • Маркетинг принципите во угостителството – употреба на дигитални алатки за промоција и брендирање на угостителски единици
  • Стандардите и законските регулативи – разбирање на стандардизацијата спроведена во туризмот и угостителството како и законските регулативи под кои институциите оперираат
  • Одржливоста во угостителството – спроведување на еколошки практики во работењето на институциите кои се дел од туризмот и угостителството

Можностите за вработување по завршувањето на оваа програма се многубројни, но неколкуте од Националната класификација на занимања на Р. С. Македонија вклучуваат:

Директори на претпријатија за угостиелство, трговија и други услуги: директори на хотели, мотели, ресторани, или спортски, рекреативни и културни центри.

Стручњаци за универзитетско и високо образование во природните науки: Универзитетски асистент и/или професор по угостителство и туризам, предавач по угостителство и туризам. Дополнително можности како наставен кадар за среношколско образование, основно, и предучилшно образование односно предметен наставник.

Службеници во патнички и туристички агенции и сродни занимања: Хотелски рецепционери, службеници во информативни контактни центри, анкетари и интервјењри за истражување на пазар.

Работници во услужни дејности и продажба: Придружници при патување, водичи, патнички стујарди, и туристички водичи.

Менаџер: Менаџер на хотелски и/или угостителски објект, менаџер по туризам и менаџер по рурален туризам.

Планери на конференции и слични настани: како агент за културни приредби, организатор на конгреси, конференции и/или културно забавни приредби.

Економист за туризам

Инспектор за туризам

Студиска програма Туризам и угостителство (Линк)

Предметна програма Туризам и угостителство (Линк)

Важни информации при упис на прв (Линк)

Важни информации за запишаните студенти (Линк)

Акредитација (Линк)

Архива на претходно акредитирани студиски програми (Линк)

Наставната програма по Бизнис логистика на дипломираните студенти им обезбедува силна основа во логистичките процеси, во финансиската теорија, правно-политички знаења, знаења од областа на меѓународните односи, претприемништвото и менаџирањето на бизнисот. Со цел полесно управување со бизнисот студентите се стекнуваат со знаења од домашната и меѓународната легислатива, царинското работење, знаења за управување со човечки ресурси, банкарско работење, управување со синџири на снабдување, квалитет, маркетинг менаџмент, осигурување и информациско-дигитално работење и деловна комуникација. Овие знаења и вештини може да се применат во широк спектар на кариери во управувањето со бизнис во услови на глобални промени.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран менаџер по бизнис логистика

Дел од носечките предмети на насоката Бизнис логистика вклучуваат:

  1. Основи на логистика
  2. Економика на операции во логистиката
  3. Менаџмент на операции во логистиката
  4. Примена на методи и техники во бизнис логистиката
  5. Системи на квалитет и стандарди во бизнис логистика
  6. Претприемништво и мал бизнис
  7. Маркетинг менаџмент
  8. Менаџмент на синџир на снабдување
  9. Менаџмент на човечки ресурси
  10. Банкарско работење
  11. Девизна политика
  12. Меѓународни договори
  13. Меѓународна економија
  14. Меѓународни односи и дипломатија
  15. Политички систем и уставно уредување
  16. Државна регулација
  17. Право на Европската унија
  18. Дигитални финансии
  19. Meѓународен транспорт и шпедиција
  20. Царински систем и политика

 

Целата структура на студиската програма може да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.

Студентите запишани на оваа студиска програма покажуваат знаење и разбирање во научното поле на студирање кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење. Исто така покажуваат и знаење и разбирање за разни теории, методологии.

Студентите потоа можат да го применат знаењето и разбирањето преку професионален пристап во работата. Тие покажуваат компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми. Способност за пронаоѓање и поткрепување аргументи во рамките на полето на студирање. Понатаму способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци. Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти. Способност да оценуваат теоретски и практични прашања, да даваат објаснување за причините и да го изберат соодветното решение. Студентите стекнуваат способност да комуницираат и дискутираат, и со стручната, и со не стручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани. Студентите стекнуваат и способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии. Студентите стекнуваат и способност да преземаат и иницијатива да ги идентификуваат потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.

Студирањето Бизнис логистика претставува одлична можност за едукација на квалификувана популација која ќе практикува логистички бизнис менаџмент како една современа алтернативна економска активност во комплексните бизнис средини и поттикнување на организациски успех.

Oтука и потребата за целта и задачата на оваа студиска програма, односно брзиот развој на разновидниот бизнис бара токму таква стручна и оспособена работна сила – менаџери по бизнис логистика кои ќе можат логистички и квалитетно да го менаџираат разновидниот бизнис.

Студиската програма по Бизнис логистика има за цел да едуцира високо стручни и специјализирани кадри од областа на бизнис логистиката. На студентите преку предавања, вежби, практична настава и реализација на интердисциплинарен проект ќе им се овозможи да се стекнат со знаења и вештини за унапредување и развој на логистиката од која може успешно да се профитира преку можности е за вработување во широкиот приватен бизнис сектор, министерствата, државната, локалната администрација, како и самовработување со започнување на свои бизниси.

Студентите – едуцирани менаџери по бизнис логистика ќе можат успешно да ги промовираат современите текови на глобалните бизнис логистички системи.

Студиската програма е усогласена со принципите на Болоњската декларација и се реализира според европскиот – кредит трансфер систем (ЕКТС) и современиот начин на организирање на наставата. Општествено – економска оправданост се гледа преку вклучување на што поголем број млади кадри да студираат дефицитарна професија од областа на бизнис логистиката. Оваа студиска програма го нуди токму тоа да се вклучат што поголем број на млади во економијата и општествениот живот во државата.

Студиска програма Бизнис логистика (Линк)

Предметна програма Бизнис логистика (Линк)

Важни информации при упис на прв циклус (Линк)   

Важни информации за запишаните студенти (Линк

Акредитација (Линк)

Архива на претходно акредитирани студиски програми (Линк)

Студиската програма по Бизнис администрација има за цел да едуцира високо стручни и специјализирани кадри токму од областа на бизнис администрација. На студентите преку предавањата, вежбите, практичната настава и реализација на интердисциплинарен проект ќе им се овозможи да се стекнат со знаења и вештини за унапредување и развој на бизнис администрација од која може успешно да се профитира преку можностите за вработување во широкиот приватен бизнис сектор, министерствата, државната и локалната администрација. Фокусот на програмата е на развојот на основни вештини за управување со бизниси, разбирање на пазарна динамика, како и донесување на стратешки одлуки. Програмата ги подготвува студентите за инспирирачки кариерни можности во бизнис операции, претприемништво, и консултантство, опремувајќи ги со знаење кое ќе ги истакне на конкурентскиот глобален пазар.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран менаџер по бизнис администрација.

Делот од носечките предмети на програмата Бизнис администрација се:

  1. Економика
  2. Претприемништво и мал бизнис
  3. Меѓународна економија
  4. Основи на менаџмент
  5. Е-бизнис
  6. Деловна етика и комуникација
  7. Осигурување
  8. Банкарско работење
  9. Принципи на сметководство
  10. Современи економски системи
  11. Бизнис администрација
  12. Финансиски пазари
  13. Симулација на донесување одлуки
  14. Стратегиски менаџмент во јавниот сектор
  15. Маркетинг истражување
  16. Меѓународни финансии
  17. Организациско однесување
  18. Односи со јавност
  19. Управување со ризици
  20. Менаџмент на човечки ресурси

Целата структура на студиската програма може да ја погледнете на следниот линк , додека предметната програма за секој предмет тука

Во текот на студиите на програмата Бизнис администрација студентите се стекнуваат со разновиден сет на знаења и вештини кои им овозможуваат да станат успешни во динамичните и конкурентски бизнис средини. Оваа програма става акцент на стратешкото размислување, решавање на проблеми и адаптабилност, подготвувајќи и студентите за различни индустрии и кариерни места.

Стратегиско бизнис планирање – разбирање како да се дизајнира, имплементира и евалуира ефективна бизнис стратегија

Лидерство и управуавње со тим – Развој на способност за предводење на разновидни тимови и поттик за соработка со цел достигнување на организациските цели

Управување со финансии и ресурси – Експертиза во областа на буџетирање, финансиска анализа, како и оптимизација на ресурси за ефикасност на бизнисот.

Пазара анализа и потрошувачки навики – Евалуација на пазарните трендови и потрошувачките однесувања со цел креирање на влијателни бизнис решенија.

Дигитална трансформација и иновација – Стекнување на вештини за совладување на технолошки и иновативни практики за раст на бизнисите.

Ефективна комуникација и преговарање – Совладување на уметноста на јасно пренесување на идеи и преговарање за успешни деловни резултати.

Решавање на проблеми и донесување на одлуки – Примената на аналитичко и креативно размислување со цел решавање на сложени деловни предизвици.

Глобална бизнис свест – Разбирање на меѓународните пазари, трговските практики и влијанието на глобализацијата врз бизнисите.

Знаењата, вештините и компетенциите кои произлегуваат од совладувањето на материјата од програмата Бизнис администрација осигурува кадар кој ќе биде добро подготвен за да управуваат со и да напредуваат во динамичниот деловен свет.

Студентите по завршувањето на програмата Бизнис администрација на прв циклус студии имаат бројни кариерни можности. Програмата ги подготвува студентите за позиции кои бараат лидерство, стратегиско размислување и оперативна експертиза како на локално ниво така и на меѓународните пазари.

Помеѓу популарните кариерни можности се истакнуваат:

Бизнис менаџер – Надгледување на операции, оптимизација на процеси, и водење на организациски успех

Менаџер за човечки ресурси – Управување со регрутирање, врски на вработени, и организациски развој.

Аналитичари на менаџмент и организација – Проучување, анализа, советување и примена на работни методи поврзани со различни аспекти на деловно работење, помагање на организациите за постигнување на поголема ефикасност, проучување на структури, методи, системи и различни деловни процедури.

Бизнис аналитичар

Менаџер по бизнис администрација

Стручњаци за бизнис и администрација – Унапредување, советување, анализа и примена на оперативни методи и организација на работа од област на човечки ресурси, маркетинг, односи со јавност, техничка продажба, финансии, инвестиции и сл.

Предавач, универзитетски асистент, и универзитетски професор по бизнис и администрација

Бизнис и административни стручни соработници – Техничко работење со практична примена на знаења поврзани со царина, администрација, вработување, развој на човечки ресурси итн.

Студиска програма Бизнис администрација (Линк)

Предметна програма Бизнис администрација (Линк)

Важни информации при упис на прв циклус (Линк)  

Важни информации за запишаните студенти (Линк)

Акредитација (Линк)

Архива на претходно акредитирани студиски програми (Линк)

Студиската програма Хотелско-ресторански менаџмент е наменета за студенти со желба за градење на успешна кариера во угостителската индустрија. Оваа програма обезбедува сеопфатна комбинација на практична и теоретска настава, овозможувајќи им на студентите стекнување со вештини кои ќе ги истакнат во угостителски операции, управување со ресторани како и планирање на настани. Со силен акцент на лидерството, извонредноста на услугите за клиентите и иновативните практики, дипломираните студенти се подготвени да ги задоволат барањата на конкурентниот глобален пазар. Дополнително, студиската програма Хотелско-ресторански менаџмент е идеална за оние со страст за гостопримство и желба за организациска извонредност, и нуди различни можности за кариера во динамична индустрија со постојан развој.

Студиската програма се реализира во траење од 4 години, односно осум семестри и носи 240 ЕКТС кредити по Европскиот кредит трансфер систем.

Со завршување на четиригодишни академски студии од прв циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Дипломиран менаџер по хотелиерство и ресторанство.

Дел од носечките предмети на насоката Хотелско-ресторански менаџмент вклучуваат:

  1. Ресторански менаџмент
  2. Хотелиерство
  3. Храна, исхрана и технологија
  4. Хотелска продажба и рецепциско работење
  5. Основи на туризам и угостителство
  6. Истражување во туризмот и угостителството
  7. Деловна етика и комуникација
  8. Дигитални трендови во хотелиерството
  9. Кетеринг менаџмент
  10. Менаџмент на настани
  11. Менаџмент на човечки ресурси
  12. Маркетинг во туризмот и угостителството
  13. Управување со квалитет на храна
  14. Системи за квалитет и стандарди
  15. Менаџмент на мени

Целата структура на студиската програма може да ја погледнете на следниот линк, додека предметната програма за секој предмет тука.

Во текот на студиите, студентите се стекнуваат со различни знаења, вештини и способности кои се од круцијално знаење за успех во угостителската индустрија. Студентите развиваат експертиза за управување со хотелски и ресторански процеси, доставување на извонредни искуства за посетителите, како и имплементација на иновативни бизнис практики. Посебен фокус е ставен на лидерството, финансискиот менаџмент и одржливоста со цел да се обезбеди кадар подготвен да успее во динамичното и конкурентско опкружување.

Управување со угостителски процеси: Усовршување на секојдневни процеси во работењето на хотели и ресторани вклучувајќи координација на вработени и обезбедување на квалитет

Односи со посетители и потрошувачка услуга: Како да се понуди персонализирано и незаборавно искуство, притоа обезбедувајќи високо ниво на потрошувачка сатисфакција.

Финансиско планирање и управување со буџет: Како се креира буџет, како се оптимизира приходот и како ефикасно да се управува со трошоците.

Планирање на настани: Организирање, управување и успешна реализација на настани.

Одржливи практики: Еколошки и етички практики со кои ќе се промовира одржливоста во индустријата.

Студентите од студиската насока Хотелско ресторански менаџмент имаат широк спектар на кариерни можности во глобалната угостителска индустрија. Можностите вклучуваат лидерски позиции во хотели, ресторани и одморалишта, или специјализирање во област како што е планирањето на настани, консултации за патувања или одржлив туризам. Оваа програма ги подготвува студентите за динамични улоги кои комбинираат креативност, услуги на клиенти и деловна експертиза. Позициите кои студентите по завршувањето на оваа студиска програма можат да ги пополнат се многубројни, но во прилог се неколку од Националната класификација на занимања на Р. С. Македонија.

Директор на ресторан – Управување со хотели и слични објекти во свое име или во име на сопственикот и со помош на лицата кои не се директори ги планираат, организираат, водат и ги контролираат угостителските активности на претпријатието (Директор на ресторан, угостителско претпријатие, или набавка на храна.)

Стручњак за образование: универзитетско и високо образование во општествени науки, наставен кадар за средношколско образование, и наставен кадар во основно образование.

Стручен соработник за уметност, култура и кулинарство

Службеник во услужни дејности

Хотелски рецепционер

Менаџер на хотелско претпријатие – Управување, планирање, организирање, координирање и контролирање во претпријатија кои се занимаваат со хотелиерство, угостителство, трговија на големо и на мало или даваат други услуги.

Кетеринг менаџер

Планер на конференции и слични настани

Студиска програма Хотелско-ресторански менаџмент (Линк)

Предметна програма Хотелско-ресторански менаџмент (Линк)

Важни информации при упис на прв циклус (Линк)  

Важни информации за запишаните студенти (Линк)

Акредитација (Линк)

Архива на претходно акредитирани студиски програми (Линк)

Важни информации при упис на прв циклус ќе најдете на следниот линк

Важни информации за запишаните студенти ќе најдете тука

Архива на претходно акредитирани студиски програми (Линк) и Линк

Архива на студиски програми