На Факултет за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип се реализираат академски студии од прв циклус (додипломски студии), втор циклус (постдипломски студии) и трет циклус (докторски студии). Студиските програми се усогласени со динамиката на општеството, потребите на трудот и принципите на Болоњската декларација. Сите програми се акредитирани од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование и континуирано се обновуваат како би одговориле на динамичните промени на туризмот, хотелската индустрија и бизнисот.