Search

СЕРТИФИКАТИ/УВЕРЕНИЈА

Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организира сертифицирана настава и полагање на стручни испити со цел подготовка и профилирање на стручни кадри во областа на туризмот и угостителството.

По успешно полагање, кандидатите се стекнуваат со:

  • Уверение за туристички водич
  • Уверение за туристички придружник
  • Сертификат за раководење со туристичка агенција

 

Полагањето на стручните испити се организира два пати годишно, согласно објавен повик на официјалната веб-страница на факултетот.

Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронски пријавата за избор на форма на обука и пријавата за полагање и истите да ги испратат на: pavlina.iceva@ugd.edu.mk

Заедно со пријавите се доставуваат и потребните документи.

По доставување на пријавата, кандидатите по електронски пат добиваат:

  • трошковник за полагање,
  • електронски материјали за учење,
  • контакти од предметните професори.
  • Пријава за избор на обука (Линк)
  • Пријава за полагање (Линк)
  • Диплома за завршено средно, стручно или високо образование
    (за образование стекнато во странство се доставува нострифицирана диплома)
  • Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)
  • Извод од матична книга на родените
  • Уплатница

За дипломирани студенти на Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД, кои се невработени и се евидентирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа, се нуди пакет-програма со која се стекнуваат со трите документи:

  • Уверение за туристички водич
  • Уверение за туристички придружник
  • Сертификат за раководење со туристичка агенција

Во овој случај не се полагаат испити. *

*за повеќе информации во врска со трошковник и процедура, контактирај на е-маил: pavlina.iceva@ugd.edu.mk

  1. Хотелиерство и патнички агенции
  2. Основи на туризмот
  3. Туристичка географија
  4. Културно наследство
  5. Комуникативно-пропагандна дејност
  6. Култура на однесување
  7. Странски јазик*
  1. Хотелиерство и патнички агенции
  2. Комуникативно-пропагандна дејност
  3. Туристичка географија
  4. Царинско работење
  5. Економика во сообраќајот
  6. Култура на однесување
  7. Странски јазик*
  1. Хотелиерство и патнички агенции
  2. Комуникативно-пропагандна дејност
  3. Туристичка географија
  4. Царинско работење
  5. Економика во сообраќајот
  6. Менаџмент и маркетинг во туризмот
  7. Странски јазик*

*Кандидатите кои поседуваат сертификат за познавање странски јазик се ослободуваат од полагање на предметот.

Образец-ПП-50

Цел на дознака: стекнување со сертификат/уверение за ……… (ТВ, ТП или РТА)

Назив на примач: УГД – Факултет за туризам и бизнис логистика

Банка на примач: НБРМ

Трансакциска сметка: 100000000063095

 

Сметка на единка корисник: 1600160330-788-22

Приходна шифра: 723219 Програма: 44