Search

Успех на студентите од ФТБЛ на државните универзитетски првенства

Студентите од прва година на Факултетот за туризам и бизнис логистика, кои следат настава во Наставниот центар – Скопје, како дел од активностите во рамки на предметот Спорт и рекреација, учествуваа на две државни универзитетски првенства постигнувајќи одлични резултати.

На Државното универзитетско првенство на Македонија во стрелаштво со воздушна пушка, во поединечна конкуренција, студентот Марко Тодоровски го освои третото место, додека на Државното универзитетско првенство на Македонија во куглање, во поединечна конкуренција за студентки и студенти, Андреј Трајановски го освои четвртото место.

Честитки до Марко и Андреј за постигнатите резултати, како и до сите студенти од ФТБЛ кои го претставуваа Факултетот на натпреварите. Посебно го истакнуваме ангажманот на колегите Ивана Шоповска и Жарко Арсовски, кои беа задолжени за организацијата, реализацијата и поддршката на студентите. Учеството во вакви активности е значаен дел од студентскиот живот, поттикнувајќи тимски дух, посветеност, здрави навики и активно претставување на Факултетот и Универзитетот надвор од наставниот процес.