Почитувани,
Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување трудови за Годишниот зборник на ФТБЛ за 2026 година.
Годишниот зборник претставува академска публикација на Факултетот и простор за објавување научни и стручни трудови, истражувачки резултати, анализи и современи согледувања од областите опфатени со тематскиот фокус на изданието.
Информациите за тематските области, насоките за автори и постапката за доставување на трудовите се достапни на веб-страницата на Годишниот зборник на платформата js.ugd.edu.mk.
Доставувањето на трудовите се врши електронски, преку веб-страницата на Зборникот.
Рок за доставување трудови: 1 октомври 2026 година.
Со почит,
Организациски одбор на Годишен зборник
Факултет за туризам и бизнис логистика
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, РС Македонија



