Факултетот за туризам и бизнис логистика беше домаќин на проф. Мухамет Неџати Челик од Факултетот за туризам при Alanya Alaaddin Keykubat University – Турција, кој одржа предавање посветено на туризмот, одржливиот развој и менаџментот на туристичките дестинации. Во рамки на предавањето беа претставени современи пристапи во управувањето со туризмот, со посебен осврт на улогата на различните засегнати страни и значењето на одржливите практики во развојот на туристичките дестинации.

Посетата претставува уште една можност за размена на академски знаења и искуства и продлабочување на меѓународната соработка на ФТБЛ. Упатуваме искрена благодарност до проф. Челик за посетата и споделеното знаење, како и до студентите за интересот и активното учество во предавањето, со надеж дека оваа соработка ќе продолжи преку идни мобилности, заеднички активности и проекти.



