Search

ФТБЛ дел од „EU Opportunities Fair: Study, Mobility and Exchange in Europe“

На 21 мај 2026 година, Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше на меѓународниот настан „EU Opportunities Fair: Study, Mobility and Exchange in Europe“, кој се одржа во Дом на млади – Штип.

Настанот беше посветен на промоција на европските образовни програми и можностите за академска мобилност, а беше наменет за средношколци, студенти и млади од поширокиот регион.

ФТБЛ ги претстави своите студиски програми, меѓународни активности, можности за мобилност и програмата Еразмус+, овозможувајќи им на посетителите непосредно да се информираат за можностите за студирање, практична обука и стекнување меѓународно искуство.

Учеството на вакви настани е дел од континуираните активности на ФТБЛ за приближување на европските образовни можности до младите и поттикнување на мобилноста, размената на знаења и меѓународната соработка.