Search

Еразмус+ наставна мобилност на проф. д-р Цветанка Ристова Магловска на Универзитетот на Балеарските Острови

Во периодот од 4 до 8 мај 2026 година, проф. д-р Цветанка Ристова Магловска од Факултетот за туризам и бизнис логистика реализираше Еразмус+ мобилност за настава на University of the Balearic Islands (UIB) во Палма де Мајорка, Шпанија. Во рамки на мобилноста таа одржа четири предавања пред студенти од програмите по туризам, хотелски менаџмент, како и двојните програми Туризам и економија и Туризам и бизнис администрација, на Факултетот за туризам и Економскиот факултет.

Универзитетот на Балеарските Острови претставува особено релевантна средина за размена на знаења и искуства во областа на туризмот. Неговата програма по Туризам има изразен интердисциплинарен и меѓународен карактер, комбинирајќи туристички менаџмент, економија, маркетинг, јазици, право, географија и управување со културното наследство, а универзитетот располага и со развиени програми за меѓународна мобилност и двојни дипломи.

Еразмус+ мобилностите на наставниот кадар се важен дел од интернационализацијата на ФТБЛ, овозможувајќи размена на академски знаења и наставни практики, воспоставување и продлабочување на меѓународната соработка и создавање нови можности за заеднички академски активности. Ваквите искуства придонесуваат стекнатите знаења, контакти и добри практики од европските универзитети да се пренесат и во наставата и академската средина на ФТБЛ.