Search

Еразмус+ мобилност на професори од ВУАРР на ФТБЛ

Во рамки на успешната меѓународна соработка помеѓу Факултетот за туризам и бизнис логистика и Високото училиште за агробизнис и развој на регионите (ВУАРР) од Бугарија, професори од партнерската институција реализираа Еразмус+ мобилност на ФТБЛ.

Во текот на посетата, проф. Крстев, проф. Лаков и вонр. ас. д-р Миланова од ВУАРР одржаа предавања за студенти и колеги на теми од областа на финансиите, човечките ресурси и туризмот. Во академските дискусии учествуваа и професори од нашиот факултет, а активностите беа реализирани во Штип и во Скопје.

Средбите беа искористени и за размена на академски искуства и разгледување нови можности за заеднички активности, мобилност и понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете институции.