Search

Еразмус+ академска мобилност на професори од Католичкиот универзитет во Ружомберок

На 21 април 2026 година, Факултетот за туризам и бизнис логистика беше домаќин на проф. д-р Растислав Чиеф и проф. д-р Ивана Томчикова од Католичкиот универзитет во Ружомберок, Словачка. Посетата беше реализирана во рамки на програмата Еразмус+ за академска мобилност, како дел од активностите за развој на меѓународната соработка и размена на академски искуства.

Во текот на посетата, деканката и продеканите на ФТБЛ остварија работна средба со гостинските професори, на која беа разгледани можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка, зајакнување на заедничките истражувачки капацитети и развој на идни академски активности. Во рамки на агендата, професорите одржаа и предавање пред студентите, при што го претставија Католичкиот универзитет во Ружомберок и неговите академски програми. Средбата продолжи со дискусија и интерес за идно академско вмрежување и соработка меѓу студентите од двете институции.

Посетата претставува значаен придонес кон интернационализацијата на ФТБЛ и создавањето нови можности за академска размена, заеднички истражувачки активности и поврзување на наставниот кадар и студентите со партнерските европски институции. Ваквите мобилности придонесуваат кон размена на знаења и добри практики и претставуваат основа за развој на долгорочни и одржливи академски партнерства.