На 24 декември во комплексот Етно село „Тимчевски“ се одржа гастрономски натпревар организиран од страна на асоцијацијата Гастромак, во кој учествуваа четворица студенти од ФТБЛ.

По повод прославата на новогодишните празници, натпреварот беше со една заедничка тема ,,Новогодишна - Божиќна трпеза“. На натпреварот учествуваа докажани и млади шефови на кујни, асоцијации на жени од Македонија, студенти од факултетите за туризам и угостителство, како и ученици од средните туристичко-угостителски училишта. Жирито на натпреварот беше составено од шефови од Гастромак, искусни професори од средните и високите гастрономски институции. Натпреварот се одржа во две категории – национална трпеза и овошна салата. Во категоријата ,,Креирај сам овошна салата и наслови ја со твоето име“ учествуваа најмладите учесници средношколци и студенти. Сите учесници располагаа со исти намирници (овошје) и од нив секој учесник креираше своја овошна салата.

На овој натпревар Факултетот за туризам и бизнис логистика доби пехар за успешна соработка со Гастромак. Студентите од ФТБЛ освоија и пехар и сребрен медал - Второ место за национална трпеза. Во категоријата „Приготвување овошна салата“ беа наградени студентите: Марија Џингарска – 3. место бронзен медал; Александар Нацов – 2. место сребрен медал; Рената Трајчевска – диплома и Александар Неделковски – диплома.

Целосна репортажа од гастрономскиот натпревар ќе биде прикажана во телевизиската емисија со гастрономска тематика „Вкусот на традицијата“, која се емитува на Алфа ТВ.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.