На 2.11.2018 година, на плоштадот „Коцка“ во населбата Автокоманда во Скопје се одржа манифестацијата „ВКУСИ ЈА ГАЗИ БАБА – вкус за сите генерации“. Манифестацијата беше во организација на Општина Гази Баба и Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Главни покровители за организацијата на настанот беа „Пивара Скопје“ и „Прилепска пиварница“. На манифестацијата учествуваа повеќе компании, како: „Пивара Скопје“,„Прилепска пиварница“, „Алкалоид“, „Виталиа“, „Макпрогрес“, „Ле петит“, „Слоу фуд“, „Шарлота“, „Делициа“, „Напредок“, „Кенди“, „Римес“, „Солета“, „Каварџик“, „Фарма Лазаревски“, „Сити бургер“, „Винарија Камник“ и др.

Манифестацијата имаше за цел презентација на локална храна и гастрономија, едукативен сегмент, култура и музички настани. На плоштадот „Коцка“ беа поставени штандови каде што компаниите ги презентираа своите производи и гастрономското богатство на Општина Гази Баба. На штандовите во соработка со компаниите производите беа презентирани од страна на студентите на ФТБЛ.

Две обуки и работилници за здрава исхрана на возрасни лица – пензионери и здрава исхрана кај деца од предучилишна и училишна возраст беа направени од страна на студентите на ФТБЛ. Покрај работилниците, на манифестацијата беа презентирани кулинарски вештини и специјалитети преку организација на три мастер класови од шефовите: Игор Атанасов – главен готвач во Клиника „Жан Митрев“, Маре Јаневска – главен готвач во Британска амбасада и Бобан Симоновски – главен готвач во ресторан „Еквилибриум“.

Културниот сегмент на манифестацијата го збогатија членовите на „Театроск“ со уличен перформанс, а музичката програма беше проследена со настапи на естрадни уметници за забавна и народна музика, Диџеј К-105 и групата „Саут парк“.

Големата посетеност и интерес за манифестацијата која се организира прва година дава основа во иднина да прерасне во атрактивна и престижна манифестација која на едно место ги собира сите чинители од секторот храна и угостителство во Општина Гази Баба. Манифестацијата придонесе за градење на имиџот на општината, не само како локомотива на економијата на градот и државата, туку и како место каде што се создава квалитетна и одлична храна со вкус за сите генерации.

Општина Гази Баба и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип ја продолжуваат својата соработка и во иднина најавуваат збогатување на оваа манифестација со нови и интересни содржини.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.