Со потпишување на Меморандум за соработка, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и државниот Универзитет „Хаџи Зека“ во Пеќ (Косово) отворија можности за соработка на повеќе полиња од образовната и научноистражувачката област. Според ректорот на Универзитетот во Пеќ, проф. д-р Фадил Милаку, двата универзитета имаат големи можности за соработка.

Како млад универзитет ќе започнеме со докторски студии. Бевме на Факултетот за туризам на УГД и планираме и ние да започнеме со студиска програма за гастрономија, каква што нема на Косово. Затоа најпрвин соработката ќе биде со ФТБЛ на Универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе ги разгледаме сите други можности, врз основа на студиските програми кои ги имаме – изјави проф. д-р Милаку.

За ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, потпишувањето на Меморандум за соработка е важно бидејќи станува збор за државен универзитет кој има студиски програми кои се приспособливи за нашите образовни курикулуми.

Ова посебно се однесува новите студиски програми што тие би сакале да ги отворат, еве и во областа на гастрономијата, туризмот, менаџментот во туризмот кои ние веќе ги имаме. Ние сме отворени за соработка во тој поглед, како во поглед на студиските програми, така и во поглед на нашите кадри. Ќе работиме на заеднички меѓународни проекти, проекти во ЕУ, и мислам дека е добра можност да соработуваме со Косово, во интерес на она што значи европска иднина на овој регион, бидејќи сите заедно треба да се гледаме во таа европска иднина – изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

 

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.