Од 14 до 17 јуни во Ниш, Република Србија, се одржа Петтиот меѓународен гастро-туристички фестивал, во организација на Здружението на угостителски и туристички работници во Ниш, а истиот е под покровителство на  Министерството за трговија, туризам и енергетика на Република Србија, Туристичката организација на градот Ниш, Кулинарската федерација на Србија и WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни).

На фестивалот учествуваа околу 150 учесници, меѓународни судии, професионални готвачи и натпреварувачи од 24 држави, како: Русија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска, Турција, Македонија, Азејберџан, Велика Британија, Египет и др. На отворањето на фестивалот присуствуваа видни личности од градот Ниш, а церемонијата се одвиваше во Градското собрание каде што пред присутните се обрати градоначалникот на Ниш, г. Дарко Булатовиќ.

Учесниците на фестивалот кои се вклучија во натпреварувачкиот дел беа поделени во јуниорски и сениорски категории, а своите кулинарски вештини ги презентираа поединечно во повеќе категории на подготовка на јадења: јадења од риба, од месо, гулаш, чорби, пици, национални јадења, традиционална трпеза и др. Студентите од ФТБЛ кои нѐ претставија на овој настан се од насоката Гастрономија, исхрана и диететика на дисперзираните студии во Скопје: Ивана Ѓеоргиева, која освои златен медал во категорија Национална кујна на модерен начин, Влатко Стоименов, кој освои бронзен медал во категорија Национална кујна на модерен начин и Кристијан Савевски, кој освои бронзен медал во категорија Национална кујна – изложбена маса. Студентите на овој натпревар беа менторирани од страна на професорите Нако Ташков, Дејан Методијески и Оливер Филипоски.

Куриозитет на фестивалот беше подготвувањето на „најголемата плескавица во светот“ со тежина од 65 килограми месо и „мучкалица“ од 3.000 литри кои беа интересни за посетителите. 

Фестивалот им даде можност на студентите да се запознаат со своите колеги од странство, да разменат мислења и контакти и да ги следат гастрономските новитети во меѓународни рамки. Исто така, студентите имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на градот Ниш кој изобилува со објекти од културно и историско наследство. Покрај работниот дел и богатата социјална програма, за учесниците на Фестивалот беше организирана едукативна посета на дестилеријата „Тривулеск“, каде што се произведуваат најразлични видови на ракии, како и Високата бизнис школа за стручни студии каде што се изучуваат насоки поврзани со туризмот, угостителството и бизнис логистиката во градот Лесковац.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.