Студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на единаесеттиот по ред Национален кулинарски куп на Бугарија, кој се одржа од 19 до 21 април 2018 година на Меѓународниот саем во Пловдив.

Овој натпревар беше во организација на Бугарската асоцијација на професионални готвачи, која е членка на Светската асоцијација на готвачи, а поддржан од страна на Министерството за образование и наука на Република Бугарија, како и бројни спонзори.

Пред одржувањето на овој кулинарски куп претходеа низа локални и регионални натпревари за да се одберат најдобрите учесници. На натпреварот учествуваа повеќе од сто учесници во различни категории, како кулинарски тим, индивидуално готвење, пица мајстор, послужување на вино и слаткарство. На натпреварот, покрај професионалните готвачи, учествуваа и 18 средни туристичко-угостителски училишта, факултети за туризам и угостителство и кулинарски академии од Бугарија, како и нашите студенти од Македонија. Во саемската хала, покрај натпреварот, се одржаа бројни мастер класи и презентации на намирници, зачини, техники на готвење, како и промоција на угостителска опрема.

На овој кулинарски куп членови на жири за оцена во натпреварувачкиот дел беа врвни кулинарски шефови од Бугарија: претседателот на Асоцијацијата на професионалните готвачи на Бугарија господинот Илијан Стоилов, шеф Иван Манчев и главните готвачи од висококатегоризираните ресторани и хотели низ Република Бугарија, претставници од Асоцијацијата на сомелиери на Бугарија и др.

Студентите од ФТБЛ си ги одмерија силите во конкуренција на седум кулинарски тимови од Пловдив, Софија, Варна, Балчик и Русе во натпреварот за кулинарски тим, приготвувајќи предјадење, главно јадење и десерт. Никола Стојчевски, Марија Џингарска и Стефана Каратаjкова добија благодарници и сертификати за учеството на овој натпревар, како и покана за учество на Кулинарскиот куп следната година. Студентите на овој натпревар беа менторирани од страна на професорот Дејан Методијески.

Покрај натпреварувачкиот дел, кој беше организиран на највисоко ниво, Кулинарскиот куп имаше и богата социјална програма во која студентите можеа да разменат мислења и да остварат контакти со своите колеги и професионалци од областа на угостителството во Бугарија.

Технички секретар

Гевгелија - Павлина М. Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса:  ул. „7ми Ноември“ бб
Гевгелија - 2000, Р.Македонија

Скопје - Ивана Шоповска
Тел: +389 32 550 365
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Студентски прашања

Штип - Владимир Митев
Тел: +389 32 550 331
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Гевгелија - Павлина Ичева
Тел: +389 32 550 350
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје
Цветанка Матракоска
Тел: +389 32 550 129
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Елена Ваканска
Тел: +389 32 550 831
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

Студентски прашања

Скопје
Ема Радосављевиќ
Тел: +389 32 550 047
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Секретар

Билјана Цоневска

Тел: +389 32 550 324

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.